Поранешниот aмбасадор на Русија во НАТО Дмитриј Рогозин е ранет при украинското гранатирање на хотел во Доњецк.

– Гранатиран е хотел во предградието на Доњецк, каде што престојувал тим од воени советници предводени од Дмитриј Рогозин. Дмитриј беше ранет во грбот – објасни помошникот на Рогозин.

Според руските медиуми, Рогозин го прославувал својот роденден во ресторанот „Шеш-Беш“ во Доњецк, кога Украинците ја нападнале зградата.

Рогозин е роден 1963) година е руски политичар, дипломат, доктор по филозофија и поранешен генерален директор на Роскосмос. Тој беше постојан претставник на Руската Федерација во НАТО од 2008 до 2011 година.Од 2011 до 2018 година беше заменик-премиер на Руската Федерација задолжен за одбранбената индустрија и вселената.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.