Советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, на националната телевизија изјави дека разговорите со Русија се во тек, додавајќи дека состојбата во Мариупол е особено во фокус на украинските власти.

Разговорите во моментов продолжуваат – изјави Арестович, додавајќи дека Украина има доволно војници распоредени во Мариупол да спречи градот да биде заземен од руските сили.

Сепак, на таквите изјави на Арстович, дојдоа спротивни од руска страна.

Новинската агенција РИА го пренесе зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјави дека во моментов не се одвиваат преговори и дека нови преговори се планирани дури за утре.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.