Украинскиот министер за енергија, Херман Халушенко, изјави дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил „што е можно поскоро“.

Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот вели дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето на потрошеното нуклеарно гориво.

Халушенко објаснува дека има неколку далноводи за електраната, а последниот е „уништен како резултат на гранатирање цивили.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила известување од Украина дека Чернобил останал без струја, но дека не гледа дека е загрозена безбедноста на електраната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.