Украинските власти објавија дека е откриена шема за проневера на приближно 40 милиони долари наменети за купување минофрлачки гранати за војската на земјата. Парите оделе на различни сметки во Украина и на Балканот, велат истражителите, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Службата за безбедност на Украина (СБУ) вчера доцна вечерта објави дека пет лица се обвинети, а едно лице е приведено при обидот да ја премине украинската граница. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 12 години.
СБУ соопшти дека истрагата разоткрила службеници на Министерството за одбрана и менаџери на добавувачот на оружје „Лавов арсенал“, кои украле речиси 1,5 милијарди гривни за набавка на гранати“.
„Според истрагата, во проневерата биле вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“,
објави СБУ на социјалната платформа Икс.
СБУ за сприяння Міноборони викрила чиновників оборонного відомства і менеджерів «Львівського арсеналу», які вкрали майже 1,5 млрд грн на закупівлі снарядів
➡️ https://t.co/Ped7ILKky0 pic.twitter.com/aV9D6HozqV
— СБ України (@ServiceSsu) January 27, 2024
Проневерата, како што се наведува, вклучувала набавка на 100 000 минофрлачки гранати за војската.
По исплатата, вработените во компанијата требало да ги префрлат средствата на фирма регистрирана во странство, која потоа ќе ја достави муницијата во Украина. Сепак, стоката никогаш не била испорачана, туку парите биле испратени на различни сметки во Украина и на Балканот, велат истражителите.
Од украинското државно обвинителство соопштија дека средствата се конфискувани и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана на земјата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја наведе борбата против корупцијата како еден од неговите врвни приоритети кога дојде на власт во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.