Деновиве актуелен е Меѓународниот крвивичен суд кој издаде налог за апсење на претседателот на Русија поради злосторствата во Украина.

Но, малкумина знаат каков е овој суд и какви надлежности има. Се работи за млад суд основан пред само 20 години со седиште во Хаг, Холандија. Основан е како постојан трибунал за гонење на лица за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и за кривичното дело агресија.

Судот може да гони само за дела сторени на или по 1 јули 2002 година, датум кога неговиот основачки договор, Римскиот статут за Меѓународниот Кривичен Суд, стапи во сила.
104 држави се членки на Судот, а уште 41 го имаат потпишано, но не и ратификувано Римскиот статут. Меѓу земјите што не се членки на судот се и САД, Кина и Индија, Русија и Украина.

.

Затоа рускте власти тврдат дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд за Русија се ништовни.

Кaj нас често овој суд се меша со Меѓународниот суд на правдата кој исто така е во Хаг. Тој суд е на Обединетите нации и решава спорови помеѓу држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.