Американскиот претседател Џозеф Бајден доцна синоќа објави дека првиот човек на Ал Каеда, Ајман ал Завахири е убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул.
Тој рече дека операцијата донесе правда и се надева дека тоа е „уште една мерка за оддолжување“ на семејствата на жртвите од нападите врз Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година.
Бајден рече дека американските разузнавачи го следеле Ал Завахири во куќа во центарот на Кабул каде што се криел со своето семејство, во операцијата што ја одобрил во минатата недела и која е изведена во неделата.
Според неименувани извори, операцијата ја извршила ЦИА, но ниту Бајден ниту разузнавачката организација не ги потврдија ваквите наводи.
Ал Завахири и попознатиот претходен лидер на терористичката мрежа Осама бин Ладен ги планирале нападите во САД на 11 септември 2001 година. Бин Ладен беше убиен во Пакистан на 2 мај 2011 година, по речиси десет години потрага.
„Ал Завахири никогаш повеќе нема да овозможува Авганистан да стане безбедно засолниште за терористите. Овој терористички лидер повеќе го нема“, рече Бајден.
Операцијата е значајна победа против тероризмот за администрацијата на Бајден само 11 месеци откако американските трупи јго напуштија Авганистан по 20-годишната војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.