Наталија Вовк, осомничената за убиството на руската новинарка и политиколог Дарија Дугина, ја посетила Европа како бегалец по почетокот на војната во Украина, откри нејзиниот татко.

„Таа беше во Европа, во Франција, како бегалец. Тоа не и се допадна и се врати во Украина преку Полска“, рече тој.

Таткото на Наталија Вовк исто така рече дека неговата ќерка служела во вооружените сили на Украина.

Ќерката на филозофот Александар Дугин почина на 20 август, откако теренецот што го возела бил разнесен додека бил во движење. Според ФСБ на Русија, злосторството го подготвиле украинските специјалци, а негов сторител е Украинката Наталија Вовк, која веќе побегнала во Естонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.