Осомничената дека подметнала експлозив под возилото на Дарија Дугина, ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин, кој е близок до претседателот Владимир Путин, наводно е видена во Виена.

Украинката Наталија Вовк, за која руската ФСБ тврди дека е убиецот на Дугина, била видена во хотел во Виена во понеделникот вечерта, според гласините што се појавија на Телеграм.

Наводно, Вовкова била придружувана од две жени и едно дете, а таа го продолжила бегството од Виена.

Австриското Министерство за внатрешни работи покрена истрага за оваа информација, јавуваат локалните медиуми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.