Американската полиција уапси 45-годишно лице, осомничено за убиството на четворица кинески државјани што се случи во неделата на локална фарма за одгледување марихуана во сојузната држава Оклахома.

Според истрагата, 45-годишниот Ву Чен влегол во објект на имот во близина на градот Хенеси, во кој во моментот имало „неколку вработени“. Осомничениот се задржал во објектот подолго време пред да почнат егзекуциите“, соопшти Државното истражно биро во Оклахома.

Телата биле пронајдени откако полицијата добила дојава за вонредна заложничка ситуација во близина на градот Хенеси.

Меѓу жртвите има тројца мажи и една жена. Уште една повредена кинеска државјанка е префрлена со хеликоптер во болница.

Осомничениот вчера бил уапсен во областа Мајами Бич, откако било идентификувано неговото возило со автоматизиран читач на регистарски таблички.

Претставници на Државното истражно биро на Оклахома изјавуваат дека не е познато дали лицето е во роднински или пријателски врски со жртвите, но оти повеќе од сигурно е дека меѓусебно се познавале.

Медицинскиот канабис е легален во Оклахома, но не се појаснува дали инцидентот се случил на лиценцирана или нелегална фарма. Производството на медицинска мархуана во Оклахома нагло се зголеми по 2018 година кога гласачите во сојузната држава се изјаснија за легализација на нејзината употреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.