Павел Дуров, руско-француски милијардер, основач и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, е уапсен во саботата вечерта на аеродромот Бурже во близина на Париз, објавија ТВ TF1 и BFM TV, повикувајќи се на свои извори.
Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека во Франција е издаден налог за апсење како дел од прелиминарната полициска истрага. TF1 и BFM рекоа дека истрагата е фокусирана на недостаток на модератори на Телеграм и дека полицијата верува дека оваа ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено на апликацијата за пораки.
Дуров денеска ќе се појави пред судот.
Француската ОФМИН, агенцијата задолжена за спречување насилство врз малолетници, издаде налог за апсење на Дуров во прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, онлајн насилство, организиран криминал и промовирање тероризам, рече еден од изворите.
Дуров беше обвинет дека не преземал мерки за спречување на криминалната употреба на неговата платформа.
„Доста е со неказнивоста на Телеграм“, рече еден од истражителите, додавајќи дека се изненадени што Дуров дошол во Париз знаејќи дека е баран човек.
Апликацијата за шифрирани пораки, со седиште во Дубаи, се позиционираше како алтернатива на американските платформи, кои беа критикувани за комерцијална експлоатација на личните податоци на корисниците.
Телеграм вети дека никогаш нема да открива никакви информации за своите корисници.
Шифрираната „Телеграм“ со близу милијарда корисници е особено влијателна во Русија, Украина и републиките на поранешниот Советски Сојуз. Рангирана е како една од главните платформи за социјални медиуми по Facebook, YouTube, WhatsApp,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.