Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска истакна дека покрај хуманитарната помош што му е потребна на населението во Појасот Газа, мора да му се дозволи и на медицинскиот персонал да влезе во палестинската енклава и да помогне да се намали притисокот врз преоптоварените локални болници.
– Она што е најпотребно во моментов е континуиран проток на хуманитарни резерви и помош за Газа, изјави Сара Дејвис од МКЦК во гостувањето на Би-Би-Си.
Сепак, таа посочи дека не се потребни само хуманитарни материјали, „туку и медицински персонал и хируршки тимови кои можат да помогнат да се намали притисокот врз локалните болници“.
Договорот со Израел вчера го отвори граничниот премин меѓу Египет и Појасот Газа за да им се овозможи на 20 камиони со хуманитарна помош да донесат витална помош за настраданото население, но Дејвис ја нагласи потребата од континуиран проток на помош.
– Мора да се одржува (да продолжи), луѓето не можат да преживеат со 20 камиони со хуманитарна помош. Ситуацијата е навистина страшна. Ние сме во редовен контакт со нашите тимови на теренот. Сцените што ги опишуваат се ужасни, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.