Француските власти ја истражуваат смртта на тригодишно девојче кое било пронајдено во машина за перење алишта во семејниот стан, соопшти обвинителството. Трагедијата се случила синоќа.
Детето веќе било во критична состојба кога го извлекле од машината, пишува францускиот весник „Парисиен“. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но девојчето починало нешто по полноќ.
Таткото (48) и уште еден член од семејството ја нашле два часа претходно во машината за перење.
Според извештаите, таткото, мајката и уште едно дете биле на вечера. Во еден момент забележале дека девојчето го нема, по што панично почнале да ја бараат. Го пребарале целиот стан и пред него, па дури и побарале помош од соседите. Потоа ја нашле во машината.
Очајниот татко рекол дека вратата од машината била затворена кога открил дека неговата ќерка е заглавена внатре.
Малото девојче минатата недела наполнило три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.