Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, наместо да се извини за расистичките коментари на неговите соработници на митингот во Њујорк, синоќа изјави дека му била чест да учествува на „фестивалот на љубовта“.
Трамп упадот во Капитол на 6 јануари 2020 година го опишуваше како „фестивал на љубовта“.
Поранешниот претседател на САД посочи дека „никогаш немало толку прекрасен настан“ како неговиот митинг во неговиот роден град Њујорк.
На големиот митинг во Медисон Сквер Гарден на 27 октомври имаше бројни вулгарности од различни говорници, вклучително и комичарот Тони Хинчклиф, кој за време на своето обраќање рече дека Порторико е „Пловечки остров од ѓубре“.
Некои од главните републикански сојузници на Трамп ги осудија таквите коментари, а неговата кампања јавно се дистанцира од навредата на Хинчклиф, но не и од другите вулгарни коментари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.