Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе се појави пред суд на почетокот на судењето за граѓанска измама во кое ќе се соочи со, како што тврди, „лажно обвинение“ дека со измама ја преценил вредноста на недвижниот имот и друг свој имот.
Одам на суд наутро да се борам за моето име и углед, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.
Судијата од државата Њујорк, Артур Енгорон, минатата недела пресуди дека Трамп и неговата семејна фирма со измама ја кренале вредноста на неговиот недвижен имот и други средства за да ги унапредат неговите деловни потреби, што Трамп и неговите соработници го негираа.
Според Трамп вредноста на имотот муѕ била проценета на 18 милиони долари, а всушност, како што тврди тој, вреди 50 до 100 пати повеќе.
Проценките служат за измама на истрагата за мешање во изборите и уште полошо. Целиот овој случај е лага. Се гледаме на суд во понеделник наутро, рече Трамп.
Обвинителот Џејмс побара казна од најмалку 250 милиони долари, забрана на Трамп и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик да водат бизнис во Њујорк и петгодишна забрана за комерцијална употреба на недвижен имот во сопственост на Трамп и неговите компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.