Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација.
За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика.

-Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп.

-Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството.

Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области.

Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.