Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД се одговорни за почетокот на судирот во Украина, пренесува Њузвик.

Трамп во интервју за „Вистинскиот глас на Америка“ изјави дека “глупавата реторика“ на претседателот на САД го „натерала“ претседателот на Русија да испрати трупи во Украина.

Нашата земја и нашето таканаречено раководство му се потсмеваа на Путин. Реториката беше многу глупава. Речиси го натераа да го отпочне тоа“, рече Трамп, кој тврди дека војна во Украина немаше да дојде доколку тој беше претседател.

Трамп нагласи и декатој, кога беше на чело на Белата куќа, најстојуваше да одржи добри односи со руските и украинските лидери, пренесува Њузвик.

Русија на 24 февруари почна „специјална воена операција“, како што официјално Русија ја нарекува војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.