Еден човек загина, а неколку други се повредени откако воз на смртта кој се движел со брзина до 56 км/ч излетал од шините, пишува DailyMail.

Трагедијата се случила во „возот на смртта“ во забавниот парк Грона Лунд во Стокхолм.

Го испразнивме паркот и почнавме истрага – изјави портпаролот на полицијата.

„Возот на смртта“ со челични шини достигнува брзина до 56 км/ч и висина од околу 30 метри, превезувајќи повеќе од милион посетители секоја година, објави забавниот парк на својата веб-страница.

Се случи тешка несреќа на Џетлајнот. Соработуваме со спасувачките служби. Паркот засега е затворен – стои на страницата на забавниот парк.

Очевидци за јавната телевизија СВТ изјавија дека возот на смртта делумно излетал од шините.

Имаше многу врескање. Никој не знаеше што се случува – изјавила Корнелија која била на возење со синот и додала дека луѓето само во еден момент почнале да трчаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.