Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution).

Според нив високите температури предизвикуваат здравствени предупредувања и предизвикуваат големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од жешкото време на северната хемисфера, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на глобално ниво од почетокот на евиденцијата. Експертите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку не се намалат емисиите на штетните гасови.

Силни топлотни бранови овој месец ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови.

Во анализата се истакнува дека научницитеоткрија дека топлотните бранови во делови од Европа и Северна Америка би биле речиси невозможни без климатските промени. Тие тврдат дека глобалното затоплување влијаело речиси 50 пати врз температурите во Кина.

Науката веќе потврди дека климатските промени, со околу 1,2 степени Целзиусови глобално затоплување во доцниот 19 век ги направија топлотните бранови генерално пожешки, подолги и почести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.