ТикТокерката Лина Муккерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради објавено видео на кое рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско место. Таквата нејзина постапка наиде на остра осуда во оваа муслиманска земја. Снимката станала вирална и собрала милиони прегледи.

На видеото Лина прави гримаси додека ја изговара муслиманската молтива пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерктата на суд била обвинета за „ширење информации со цел поттикнување омраза против верските поединци и одредени групи“.

@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli – SELEBVIRALL

Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така била казнета за видеото – наредено ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење.

Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно е забрането. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата.

Знам дека згрешив, но не ја очекував оваа казна“, изјавила Лина за локалната станица „Метро ТВ“.

Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Советот на индонезиските улеми, одлучило дека нејзиното видео е богохулење. Популарната креаторка на содржина на социјалните мрежи има повеќе од 2,2 милиони следбеници на ТикТок. Нејзиниот случај е најновиот со висок профил во низата пресуди за богохулење во последниве години.

Минатата година шест лица беа уапсени откако синџир барови им промовирал бесплатен алкохол на патроните по име Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта бил фрлен зад решетки бидејќи бил обвинет за навреда на исламот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.