Гркот Теодорос Русопулос (ЕПП/ДЦ) е избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Преземајќи ја функцијата од Тајни Кокс (Холандија, УЕЛ), тој е 35-ти претседател на ПССЕ од 1949 година и првиот грчки државјанин на оваа функција, соопшти ПССЕ.
Претседателот има мандат од една година, кој може да се обнови еднаш.
Во својот воведен говор, новоизбраниот претседател на ПССЕ се осврна на 24 февруари 2022 година, кога „сите бевме сведоци на дивјачкиот, безмилосен и неоправдан напад од Русија – која тогаш беше член на овој Совет – врз слободна земја, Украина“. Тој додаде дека оттогаш, „украинските граѓани, а особено децата, страдаат, живеејќи секој ден во страв од смртта наместо во надеж за среќа“.
– Нема да ве изненадам ако ви кажам дека за време на моето претседателство, Украина и обезбедувањето одговорност за ужасните злосторства извршени на нејзина територија ќе бидат мојот главен приоритет, рече Русопулос.
– Нашиот Совет секој ден се соочува со недостиг на грижа за човековите права, со угнетување предизвикано од недостиг на демократски идеали дури и во земјите кои демократски ги избираат своите лидери, истакна тој.
– Тука сме да ги потсетиме на што се потпишаа при ратификувањето на Европската конвенција за човекови права и на сите многу други обврски што ги дизајнираа и создадоа заедно, додаде Русопулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.