Телото на лидерот на либанското шиитско движење „Хезболах“, Хасан Насрала е пронајдено на местото на израелскиот воздушен напад во јужните предградија на Бејрут и е недопрено, соопштија за светска агенција два извора запознаени со случајот – лекар и припадник на безбедносните сили.

Во вчерашното соопштение на Хезболах, кој ја потврди смртта на Насрала, не беше прецизирано како точно бил убиен и кога ќе биде погребот, но двата извори изјавиле дека на неговото тело немало директни повреди и се чини дека смртта настапила како последица на траума предизвиканата од силината на експлозијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.