Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада.
Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.
Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.
Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар.
Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.
Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл.
Koj e Херберт Кикл
55-годишниот шеф на десничарската FPÖ не е шармантен заводник на масите. Неговиот шарм и харизма се скромни, а важи и за осаменик. Тој израснал во работничко семејство во Корушка, студирал историја и филозофија, но не дипломирал.
Трча и планинари на долги патеки.
Веќе за време на неговото време како пишувач на говори и раководител на кампања, тој разви слогани како „Татковина наместо ислам“ или „Повеќе храброст за нашата виенска крв – премногу странско никому не годи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.