Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвинет за геноцид.

Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.