Светската метеоролошка организација (СТО), која делува во рамките на Обединетите нации, кажа дека топлотниот бран што го погоди Медитеранот ќе се засили во средината на неделата и во некои делови од Европа ќе продолжи и во следниот месец. Северна Африка исто така се соочува со високи температури, при што во Мароко ќе се искачат до 49 Целзиусови степени.
Нови рекорди веќе се поставени во одредени метеоролошки станици во северната хемисфера, а се очекуваат и нови национални рекорди. Вакви временски услови веројатно ќе продолжат и во август, соопшти СТО.
Во следните денови, на Сардинија се очекуваат температури до 46 степени, а во копнениот дел на Италија до 43 степени. Во Шпанија би можеле да одат до 46, а во Франција до 40 степени.
Хрватска веќе се бореше со неколку пожари, а во целата Србија е прогласена тревога од највисок степен поради горештините.
Првите пожари ова лето се регистрирани и во Грција, и тоа на десетици километри од Атина. Градоначалникот на Лутраки изјави дека од тамошните летни кампови се евакуирани 1.200 деца откако во областа избувнал пожар, кој е потпомогнат од силни ветрови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.