Термобаричната бомба, која руската армија ја нарекува „Татко“, е најмоќното оружје на Путин, оценуваат воените аналитичари.
Според западните разузнавачи, Владимир Путин би можел да прибегне кон едно од најстрашните оружја што светот некогаш ги видел.
Станува збор за термобарично оружје наречено „татко на сите бомби“, а неговата деструктивна моќ е застрашувачка – способно е да ги претвори телата во пареа!
Моќта на термобаричното оружје, кое воените аналитичари го нарекуваат „Татко“, лежи во тоа што тие ја користат атмосферата како дел од горивото за експлозијата, а се нарекуваат и вакуум бомби. Таквите оружја користат кислород од воздухот на целната област за да ја развијат температурата за експлозијата и се меѓу најмоќните воени оружја што не се базирани на нуклеарно оружје.
Има четири „перки“ на задната страна за попрецизно движење, тежи речиси десет тони, радиусот на уништување му е помеѓу 150 и 300 метри и неговата разорна моќ е еднаква на онаа што би предизвикала 11 тони ТНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.