Британскиот премиер Риши Сунак сака да склучи договор со Европската Унија за да им го олесни патувањето на своите граѓани во Унијата, објави денеска Блумберг њуз, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Сунак се надева дека ќе може да постигне договор со оглед на подобрените односи со ЕУ за да им овозможи на Британците да ја користат е-портата на ЕУ за проверка на пасошите, што ќе ги забрза нивните преминувања на границата.

Прашањето сè уште не е официјално отворено, но дипломатите неформално го покренуваат, јави Блумберг, повикувајќи се на британски функционер.

Во февруари, Велика Британија постигна договор со ЕУ за трговски аранжмани за Северна Ирска, која подлежи на правилата на ЕУ по Брегзит поради нејзината отворена граница со Ирска.

Според плановите на ЕУ што треба да се спроведат во 2024 година, државјаните на Велика Британија и другите државјани на таканаречени „трети земји“ би можеле да ги земат биометриските податоци за да добијат ослободување од виза, но британската влада е загрижена дека нема да ги намали редиците на границата и бара целосна пристап до е-портата на Унијата, објави Блумберг, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Пред неколку дена беше објавено дека еден од најпознатите возови во светот, по 41 година го откажал поаѓањето од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес решил да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит. Луксузниот воз патувал низ Британија меѓу Лондон и Довер, а потоа патниците се префрлиле во автобуси и со траект преку каналот Ла Манш се превезле до Кале во Франција, каде што патувањето продолжило до Париз и до Истанбул.

Патувањето низ Велика Британија траело околу три часа, но поради се подолгите чекања на границата, операторот го откажал тој дел од линијата за да ја одржи точноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.