Ако е точно, ако се покаже дека е намерно, овој напад би претставувал најголем напад врз цивилната инфраструктура за време на војната, вели британскиот премиер

Велика Британија сè уште не може да каже дека Русија е одговорна за уништувањето на браната „Нова Каховска“ на југот од Украина, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак за време на посетата на САД.

„Сè уште не можам да кажам дефинитивно дали Русија е одговорна. Британската војска и безбедносните служби сè уште истражуваат. Но, ако е точно, ако се покаже дека е намерно, овој напад би претставувал најголем напад врз цивилната инфраструктура за време на војната“,

изјави Сунак за Би-би-си.

Сунак рече дека Велика Британија ќе продолжи да ѝ дава хуманитарна поддршка на Украина и ќе работи на тоа одговорните за пробивањето на браната да одговараат.

Утре Сунак треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, за да разговараат за одбраната на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.