Не се познати причините за авионесреќата во Непал, во која официјалниот број на загинати е 68, а по останатите 4 лица од авионот ќе се трага утре.

Во авионот на компанијата „Јети ерлајнс“ имало вкупно 72 лица, 68 патници и четворица членови на екипажот,

Светските медиуми јавуваат дека компанијата „Јети Ерлајнс“ била на лош глас во светот. Сите непалски компании имаат забрана за летови во Европста Унија, токму поради ризичните летови во непристапните области на оваа земја, на чие подрачје и е Монт Еверест.

Има сомневања дека и во урнатиот авион имало странци и планинари во потрага по авантури.

Снимките од извлекувањето на телата на загинатите, што се шират на социјалните мрежи, се стравични.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.