Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која во средата тргна на борбена должност, треба да го вразуми секој кој ќе се осмели да претставува директна закана за Русија, предупреди денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал на „Телеграм“.
Медведев рече дека хиперсоничната фрегата Циркон, која го почна своето патување преку Атлантскиот и Индискиот Океан и Средоземното Море, е „главниот новогодишен подарок“.
„Радувај се. Ова ќе вразуми секој кој претставува директна закана за Русија или за нашите сојузници“, и порача Медведев на Алијансата.
Циркон е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот способна да ги победи системите за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана, достигнувајќи брзина од над девет маха со дострел од над 1.000 километри.
Во апелот на американската амбасада во Москва на Телеграм се наведува дека Русија и САД се натпреварувале и соработувале во надминувањето на најголемите предизвици со кои се соочува светот и дека ова што се случува сега „не е достојно“ за Русите. Апелот беше проследен со видео компилација, на која, меѓу другото, се прикажани снимки од конфликтот во Украина и протестите во руските градови.
Вашата литература се учи во нашите училишта. Вашите дела се изведуваат во нашите најпрестижни културни институции. Низ историјата, нашите земји ги обединуваше заедничката култура и нашите достигнувања. Сметаме дека ова што се случува не е достојно за вас и се солидаризираме со секој од вас кој се труди да создаде помирна иднина“, заклучуваат од прес-службата на дипломатската мисија на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.