Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.

Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.