Во демократските општества нема место за валкани методи против граѓаните, како оние што се користат против Едвард Џозеф, објави на Твитер Стејт департментот за Европа и Азија на САД, а пренесува Радио Слободна Европа.
Заедно со објавата на Вашингтон, споделена и објава на Твитер на самиот Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс и поранешен дипломат, во која тој наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ упатил сериозни, неосновани обвинувања против него во гостувањето на една од српските телевизии на 30 декември.
Стејт департментот додаде во соопштението дека независните гласови и граѓанските организации промовираат одговорност и транспарентност.
„Ги цениме оние кои градат мирно општество на Западен Балкан“, беше наведено, а заедно со твитот е споделена и фотографија на Џозеф заедно со Габриел Ескобар, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот.
Минатата недела Александар Вучиќ го нарече „албански бот“ Џозеф кој беше заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ на Косово. Исто така Вучиќ го обвини дипломатот дека добива „многу пари од албанското лоби“, но таквото тврдење не го поткрепи со докази.
Инаку, Џозеф за барикадите на локалните Срби на Косово, рече дека тоа Вучиќ „манипулира со САД и ЕУ“, како и оти мирот по триседмичните барикади ќе трае „додека Александар Вучиќ не одлучи дека повторно му треба криза на Косово“.
Тој истовремено ги отфрла обвинувањата за наводните финансиски врски меѓу него и „албанското лоби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.