Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја предвиди конечната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека станува збор за спречување геноцид и „денацификација“ на Украина.
Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е тој што го прави (геноцидот) или е на пат да го направи. Тој зборува за ослободување на Украина од нацизмот, но се однесува како нацист – рече Стано.
Портпаролот на ЕУ на редовната прес-конференција во Брисел рече дека никој не ја знае конечната цел на Путин, бидејќи, како што додаде, тој никогаш официјално не ја објавил.
Ова е толку нерационално, неоправдано и неразбирливо што е тешко да се види која е целта. Гледаме што се случува. Во основа, тој сака да ја уништи Украина, да и ја одземе независноста и да нанесе штета и страдање на украинскиот народ. Тоа е апсолутно нехумано и нецивилизирано и не припаѓа на Европа од 21 век – објасни Стано.
Тој заклучи дека ЕУ е подготвена за секое сценарио, а со санкции реагира на конкретни дејствија на Москва, вклучително и кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.