роширувањето на Европската унија е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста, изјави вчера европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.
Вархеји на социјалната мрежа Х информира дека со унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока разговарал за следните чекори на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, со цел политиката на проширување да биде кредибилна, предвидлива и динамична.
– Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста. Имав добра дискусија со министерот Јанош Бока за следните чекори на унгарското претседателство со ЕУ за одржување на кредибилна, предвидлива и динамична политика на проширување, порача Вархеји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.