Спречен е терористички напад во руската престолнина Москва каде маж утрово сакал да ја крене во воздух железничката станица.
Полицијата уапсила 40-годишен човек кој планирал да го изврши нападот, пренесува Информер.рс. Човекот што е уапсен планирал на железничката станица во Москва да дигне во воздух цистерна со гориво, објави Истражниот комитет на Русија.
Според извештаите, човекот е роден во 1983 години и во ноември добил задача „од неидентификуван соучесник“. Тој се согласил да изврши терористички напад за пари.
Во 2020 година маж беше спречен да активира бомба пред владата.
Во 2021 година беше уапсен маж кој сакаше да изврши напад во градскиот метеж. Во 2015 година беше уапсена поголема група која планирала терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.