Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, соопшти дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата околу нуклеарната централа во Запорожје. Седницата ќе се одржи денеска во Њујорк.
Улјанов ја обвини Украина дека создава вештачки пречки и тешкотии за потенцијалната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје.
Во март 2022 година, руските сили го зазедоа „Запорожје“, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со капацитет од 70 проценти.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа „Запорожје“, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.