Сопругата на Володимир Зеленски, Елена ја одбила поканата од Белата куќа да присуствува на обраќањето на американскиот претедател Џо Бајден, објави „Вашингтон пост“.
Потенцијалното присуство на сопругата на Навални предизвикало вознемиреност кај Украинците. Се претпоставувало дека првата дама на САД, Џил Бајден, ќе седне покрај Елена Зеленска и Јулија Навални на средбата.
По ваквиот развој на настаните, реакција стигна од заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев го исмеа одбивањето на Елена Зеленска и „вдовицата на руски екстремист“ да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Џо Бајден.
Во својата објава во Телеграм, Дмитриј Медведев го нарече Бајден „старец со скитничка насмевка“.
„Се покажа дека е тажно: вдовицата и не-вдовицата едноставно не дојдоа затоа што толку многу се сакаат што не сакаат ниту да седат еден до друг поради познатата хигиенска процедура. Но, најслатко е што дедо ништо не забележал. Не се ни сеќава кои се тие жени/вдовици, ниту кои се нивните сопрузи“, вели Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.