Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле беспилотно летало што се приближувало кон Москва.
– Денеска околу 11 часот беспилотно летало се обиде да се пробие до Москва. Беше уништено од противвоздушната одбрана. Браво, истакна Собјанин.
Руското Министерство за одбрана, исто така, извести дека руските вооружени сили спречиле обид на Киев со беспилотно летало да нападне објекти во регионот на Подмосквље.
Дронот е уништен од противвоздушна одбрана во областа Подолск.
– Денеска во 11:27 часот беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти во московскиот регион. Нема жртви или разурнување благодарение на спречениот терористички напад, се наведува во соопштението на руското МО.
Московскиот аеродром Внуково воведе привремени ограничувања за полетување и слетување на авиони. Не е познато дали оваа одлука има врска со дронот што наводно се приближувал до Москва пред да биде уништен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.