Рускиот претседател Владимир Путин вечерва го потшиша указот за независност на Донбас, истакнувајќи дека Русија ја признава независноста на двата отцепени региона на истокот на Украина.

Веднаш по потпишување на одлуката, луѓето излегоа на улиците на Доњецк да ја прослават одлуката на Путин за признавање на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република за суверени нации, наведува РИА Новости.

По одлуката на Путин, граѓаните излегоа на улици со развиорени руски знамиња и прават огномет.

Путин претходно се обрати на граѓаните на Русија и ја наведе неопходноста за признавање на Доњецка и Луганска Народна Република. Рускиот претседател смета дека ситуацијата во Донбас е критична и го замоли парламентот да ги ратификува документите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.