САД денеска конечно ги открија и своите последни санцкии кон Русија, во врска со војната со Украина.
Овојпат санкциите се насочени кон клучна комерцијална банка и „глобална мрежа од повеќе од 40 поединци и ентитети предводени од рускиот олигарх Константин Малофеев“.
Во соопштението американското Министерство за финансии објави дека санкциите се насочени и кон „компании кои работат во руската индустрија за рударење виртуелни валути, наводно трета по големина во светот“, истакнувајќи дека тоа е првпат да таргетираат „компанија за ископување виртуелни валути“.
Покрај тоа, Стејт департментот воведува визни ограничувања за 635 руски државјани кои се „вклучени во сузбивање на несогласувањето во Русија и во странство, кои биле вклучени во активности кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина и кои биле вклучени во кршење на човековите права во затворски објекти и места на неофицијален притвор во областите под контрола на Русија во регионот Донбас во Украина“, според американското Министерство за финансии.
Тројца руски функционери, исто така, ќе се соочат со визни ограничувања „за вмешаност во грубо кршење на човековите права и на 17 лица одговорни за поткопување на демократијата во Белорусија“, продолжи американското Министерство за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.