Најмалку едно лице загина во судир на два авиони за време на аеромитингот на „Беја Ер шоу“, Португалија.
Управата за цивилна заштита констатирала смрт на едно лице, а најмалку едно лице е повредено во оваа несреќа.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.
Како што можете да видите на видеото, несреќата се случила кога еден од авионите во шестчлената екипа со крилото удрил во друг авион, по што се урнал и сето тоа се случило пред шокираните гледачи.
Авио-салонот Беја беше веднаш откажан по падот, а властите работат на собирање повеќе информации за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.