Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка.

Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво.

Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков, 70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да и достави ново боца со кислород излетало од патот поради снег и не стигнало навреме.

Во Полска 100.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме.

Слично е и во Словачка, каде што илјадници домаќинства вчера беа отсечени поради снежните врнежи. Полицијата извести за бројни сообраќајни несреќи во таа држава предизвикани од лошото време



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.