Воената хунта во Нигер објави дека го спречила обидот на сменетиот претседател Мохамед Базум да избега од притвор.

Портпаролот на Армијата изјави дека Базум се обидел да избега во текот на ноќта со семејството, готвачите и обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си.

-Имаше планови групата да одлета со хеликоптери, но планот беше спречен, рече тој, додавајќи дека „главните актери и некои од соучесниците“ се уапсени.

Базум е во домашен притвор откако членовите на неговата претседателска гарда извршија државен удар на крајот на јули и ја презедоа власта во земјата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.