Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека е на власт.

„Сѐ додека сум на чело на словачката влада, ќе им наложам на пратениците кои се под моја контрола како претседател (на владејачката партија Смер) никогаш да не се согласат Украина да влезе во НАТО“, рече Фицо, пренесува Политико.

Фицо претходно изјави дека мисли дека следната година ќе отпатува за Москва за да присуствува на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Дополнително, тој посочи дека, доколку војната во Украина заврши за време на неговиот мандат, има намера да направи се за да ги врати стандардните и економските врски со Русија, нагласувајќи дека „на Европската унија и треба Русија, а на Русија и е потребна Европската унија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.