Следните месеци ќе бидат тест за цената на гасот во Европа поради недостатокот на долгорочни договори за набавка на течен природен гас во услови на враќање на Кина на пазарот, што може многу брзо да го преобликува, пишува „Reuters“ во анализа.
Течниот гас им помогна на земјите од ЕУ да го заменат рускиот гас од гасоводот, но купувањата генерално се вршеа на самото место. Тоа значи и повисоки цени отколку кога би биле склучени долгорочни договори. Според аналитичарите на „Eurasia Group“, европските купувачи нема да можат да се потпрат на течниот гас како замена за рускиот гас, додека овој извор на енергија го сметаат за преоден во енергетската трансформација.
Аналитичарите препорачуваат Европа да почне да склучува долгорочни договори за снабдување по линијата на Кина, со цел да ги гарантира своите испораки и да постигне поповолни цени.
извор: денар.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.