Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.

Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.

Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.

Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.