Сликите на уништените борбни возила и самоодни системи за воздушна одбрана Бук-М1 го одбележаа почетокот на војната во Украина. Интересно е што повеќето од нив биле уништени од дронот „Бајрактар ТБ-2“, додека биле во поредок за напредување или додека биле запрени на одмор.
Тоа за руските сили беше знак дека нешто не е во ред. Многумина мислеа дека тоа е лош ракетен систем, но, сепак, поточно е да се каже дека се работи за слаба обука, резервисти или регрути.
Поради низата загуби, пред се честите напади на конвоите, руската армија одлучи да обезбеди поефикасна противвоздушна (ПВО) заштита, па во Украина ја испрати првата ПВО батерија од модифицираниот систем БУК-М3 Викинг.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа батерија која покривала дејствија на единици, војници и логистички колони на моторни возила, пред се во регионот Чернихов.
Бук-М3, наречен Викинг, е модернизирана верзија на популарниот самоодни систем за воздушна одбрана Бук-M2. Станува збор за систем за противвоздушна одбрана со среден дострел кој, за разлика од верзиите М1 и М2, содржи нова електроника и нова ракета, фабрички спакувана во контејнер.
Модификацијата на овој систем ја разви компанијата Алмаз-Антеј, познатиот производител на системите С-300 и С-400. Модификацијата на М2 во верзијата М3 вклучува: нов дигитален компјутер, систем за брза размена на податоци, телевизиско-термички нишан наместо телеоптичкиот што го имаа претходните модели.
Батеријата на системот БУК М-3 може да следи и да гаѓа 36 цели, додека нејзината напредна верзија со ракета 9Р31М е способна да ги соборuва сите постоечки летечки цели од дронови, хеликоптери до авиони. Исто така, со верзијата М 3, можно е да се соборат високо маневрирачки цели како што се крстосувачки ракети во услови на силни електронски пречки.
Бук-М3 може да погоди секакви цели над копно и море поради неговата способност да лансира вертикално.
Батеријата на ракетниот систем Бук-М3 Викинг се состои од две возила ТЕЛАР 9A317M (фрлач и радар) и едно возило ТЕЛ 9A316M (фрлач). ТЕЛАР се заснова на оклопна шасија со гасеница ГМ-569, носи шест проектили подготвени за гаѓање поставени на купола која ротира во круг од 360 степени. Куполата Бук-М3 ТЕЛАР вклучува радар за контрола на оганот на предната страна и фрлач со шест проектили подготвени за лансирање.
Бук-М3 со нова купола на лансерот е опремен со два реда од по три ракетни контејнери. Возилото за товарење Бук-M3 Викинг е опремено со два блока од шест проектили на истата шасија на гасеници како и претходната верзија на семејството Бук.
Ракета
Бук-M3 Викинг ја користи новата ракета земја-воздух (САМ) 9Р31M, управувана од радар, со зголемен дострел и подобрени вкупни перформанси во споредба со 9M38 користен на Бук-M1 и Бук-M2. Веројатноста за уништување на целта кај Бук-М3 достигнува 99 отсто, а максималниот домет беше зголемен на 70 километри. Бук-М3 е способен да уништува секаков вид воздушни цели со домет од 2,5 до 70 км, со брзина од 3.000 м/с на надморска височина од 15 м до 35 км.
Ракетата Бук-М3 е оптимизирана за пресретнување на крстосувачки ракети кои летаат на ниско ниво. Ракетниот систем вклучува и нов дигитален компјутер, систем за размена на податоци со голема брзина и уред за снимање на термички цели што ги заменува оптичките тракери на претходните модели. Ракетата 9Р31M е опремена со високо експлозивна боева глава со фрагментација. Ракетниот систем Бук-М3 Викинг е поставен на оклопната шасија ГМ-569A како Бук-М2.
Оклопното возило Бук-М3 е моторизирано со дизел мотор со повеќе гориво В-46 кој развива 710 КС. Возилото има максимална брзина од 70 км/ч со максимален радиус од 500 км. Екипаж од 4 члена се наоѓа на предниот дел на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.