Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на социјалните мрежи објави фотографии по повод одбележувањето на денот на револуцијата на 23 октомври 1956 година и по тој повод испрати и коментар кој може да се протолкува како порака до Запад.

На фотографиите кои ги сподели министерот за надворешни работи се гледаат бројни згради кои се украсени со унгарски знамиња, а шефот на дипломатијата на оваа земја заедно со фотографиите испрати и порака.

„Ние Унгарците никогаш не играме како што другите ни свират“, вели Сијарто.

Сè уште се актуелни тензиите меѓу Унгарија и Западот, а последната средба меѓу Виктор Орбан и Владимир Путин дополнително ги зголеми тензиите.

Во последните неколку месеци Унгарија стави вето на помошта за Украина на состаноците на земјите од ЕУ, а тие рекоа дека Будимпешта првенствено ќе ги гледа своите интереси во односите со другите земји, особено со Русија, со која има голем број заеднички проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.