Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава, а се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО на 11 и 12 јули.

Шведските весници Афтонбладет и Дагбладет пишуваат дека земјите од Источна и Централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните позиции во Европската Унија и НАТО.

Медиумите посочуваат дека сега се отвора простор за актуелниот романски претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Но, мандатот на романскиот претседател истекува дури во ноември 2024 година, а Калас се смета за премногу непријателски расположена кон Русија, што го става Пленковиќ во позиција на фаворит доколку се бара следниот генерален секретар од овој дел од Европа, пренесува 24sata.hr.

Шведската јавност и досега го сметаше Пленковиќ за еден од лидерите на Европската народна партија и влијателна личност во Европската Унија.

Шведските медиуми понатаму шпекулираат дека за првпат во историјата можеби раководството на НАТО би можело да го преземе жена, но сите тројца споменати кандидати имаат одредени пречки и недостатоци. Пред една година како наследничка на Столтенберг се споменуваше поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.