Украина ја обвини Русија дека користи експлозиви кои содржат хемиски соединенија во нападите против украинските војници во нивните ровови, а во последното бомбардирање на цивилната инфраструктура уништила складиште за жито.

Експлозиви кои содржат иритирачки гас ЦС, познат и како солзавец, наводно биле фрлени со дронови или истрелани од артилерија. Гасот го користи и полицијата во многу региони, пренесе ДПА.

Генералштабот на украинската армија вчера соопшти дека се регистрирани 626 случаи од почетокот на војната пред речиси две години. Од почетокот на јануари 2024 година, имало 51 случај со тренд на зголемување до 10 напади дневно.

Украина се жали дека употребата на таков гас во војување е забранета според Конвенцијата за хемиско оружје на Обединетите нации, која ја потпиша и Москва.

ДПА нагласува дека украинските тврдења не можат да бидат независно проверени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.