Два француски борбени авиони „Рафал“ се урнаа денеска во источна Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.
Тој на социјалната мрежа Икс објави дека несреќата во која учествувале два авиони „Рафал“ се случила во департманот Меурте и Мосел, западно од градот Стразбур.
„Еден од пилотите е пронајден, тој е здрав. Потрагата сè уште трае“, додаде Лекорну, заблагодарувајќи им се на вооружените сили и жандармите за нивните напори за обезбедување на областа.
Регионалниот дневен весник „L’Est Republicain“ објави дека се трага по уште двајца воени пилоти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.